Изреката дека не може да се живее од воздух повеќе не важи. Финската компанија „Солар фудс“ (Соларна храна) планира наскоро на пазарот да пласира нов вид протеинско брашно – „солеин“, кое е направено од CO2, вода и од соларна енергија.
Се работи за високопротеински состав, налик на брашно, кое содржи 50 отсто белковини, пет до десет отсто масти и 20 до 25 отсто јаглени хидрати.
Наводно изгледало и имало вкус на пченично брашно, а би можело, по претставувањето во 2021 година, да биде една од главните состојки за многу прехранбени производи.


