Бројот на населението во светот ќе престане да расте по 80 години, кога Земјата ќе има 11 милијарди жители
Низ историјата бројот на жителите на Земјата постојано растел. Се проценува дека пред 12.000 години на нашата планета живееле четири милиони луѓе. Во идните 10.000 години популацијата нараснала на 190 милиони, а во 1800 година стигнала до една милијарда.
Следуваше напредок на медицината, на производството на храна, што доведе до забрзано зголемување на светската популација. Во 1900 година на Земјата живееле 1,65 милијарди луѓе, а два века подоцна – 7,7 милијарди. Но, наскоро бројот на луѓе на планетава ќе престане да расте. Врз основа на податоците на ОН, демографска претпоставка е дека тоа ќе се случи околу 2100 година. Дотогаш се предидува глобалното население да се зголеми на 11 милијарди. Африка тогаш ќе биде водечки светски регион според жителите, а исламот треба да стане најголема религија во светот.
Во минатото, кога повремено светската популација ќе доживеела опаѓање, тоа се должело поради смртта од разни болести на голем број луѓе, а сега тоа ќе биде поради намалениот број новородени деца, како резултат на зголемувањето на приходите и нивото на образование.