Трговската војна меѓу САД и Кина ја крена цената на златото до небо – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/19 10:57 AM

Трговската војна меѓу САД и Кина ја крена цената на златото до небо

Вредноста на унца злато (28,35 грама), по стравот од ескалација на трговската војна помеѓу САД и Кина, првпат по 2013 година надмина 1.500 долари.

Котирањето на златото на берзата „Комекс“ во Њујрк порасна за уште 1,3 отсто – на 1.503,2 долара за унца, а од почетокот на годинава растот е 17 отсто.

Златото, кое се смета за најсигурна резерва, добива на цена поради падот на светските берзи, кој е предизвикан од заканите на САД дека ќе воведат нови царини на увозот на кинеска стока и на контраодговорите на Пекинг дека ќе реагира симетрично на тие мерки.