Според 1ТВ видео снимката за случајот „Рекет“ е монтирана – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/19 10:14 AM

Според 1ТВ видео снимката за случајот „Рекет“ е монтирана

Италијанскиот весник ЛаВерита од Милано на својата веб страница објави видео снимка која се поврзува со случајот Рекет.

Според 1ТВ , снимката освен банкноти од евра и запис како заедно Јовановски и Кичеец  ја напуштаат куќата на осомничениот во случајот „Империја“, го нема документирано клучниот момент на наводното предавање на пари. Исто така симптоматично е тоа што парите се снимани со телефонска камера каде што не стои дата и саат, за разлика од вториот дел каде што од приватните камери на осомничениот во „Империја“ се гледа напуштањето на куќата а во нив има саатница и датум. Според тоа може да се заклучи дека видео материјалот е монтиран.

Кој и зошто ова го направил, каква е целта допвра ќе треба да се открие.