Во селото Калениќ, Србија, деновиве се одржа јубилејната педесетта манифестација на народни обичаи, на која, покрај другото, се избираше и најдолг машки мустаќ и најдолга женска плетенка во Србија, пишуваат српски медиуми.
Зоран Лазаревиќ од Ниш со мустаќи од 140 сантиметри убедливо ги победи конкурентите. Тој веќе четири децении живее во Австрија и истакнува дека Астријките биле луди по долги бркови.
Најдолга женска плетенка (151 сантиметар) имаше Милена Лукиќ од Јагодина. Пет години не ја кратела косата, а и требале три часа да ја исчешла.


