Исечена топола 4,5 часа ја блокира пругата Скопје -Велес – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/19 11:05 AM

Исечена топола 4,5 часа ја блокира пругата Скопје -Велес

Исечена топола од страна на граѓанин што наместо во Вардар паднала врз контактната мрежа и далеководот на железничката пруга помеѓу станиците Јане Сандански  и Драчево, вчера од  18.30 до 23 часот, целосно го блокираше железничкиот сообраќај во централниот дел на државата. Три часа од Скопје кон Битола не можел да тргне патничкиот воз и два часа на железничката станица во Велес стоеле патничките возови од Битола за Скопје и од Гевгелија за Скопје.

Според вработени на ЈП Македонски железници, веднаш по сигнализацијата на уредите дека има прекин во контактната мрежа со напон од 25 илјади киловати  пристапиле кон откривање на причината за дефектот. На лице место бил откриен граѓанинот кој го предизвикал дефектот и била повикана полиција. По направениот увид на лице место дежурната екипа за отстранување на дефекти на МЖ започнала со санирање на дефектот. Пругата Скопје – Велес  за сообраќај била оспособена во 23 часот кога возовите започнале да сообраќаат.

Како што дознава Канал 77 од оваа случка јавното претпријатие има огромна штета.

Убавка Јаневска