Како на Дивиот Запад: Полицајци на коњи во Тексас „шетаа“ врзан Афроамериканец – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/19 10:35 AM

Како на Дивиот Запад: Полицајци на коњи во Тексас „шетаа“ врзан Афроамериканец

Како од филмовите за Дивиот Запад, на социјалните мрежи во САД беа објавени фотографии на полицајци качени на коњи, како низ град водат врзан со јаже Афроамериканец.

Инцидентот се случил во саботата во градот Галвстоун. Бидејќи немале патролно возило, полицајците врзале јаже за лисиците и на тој начин го привеле четериесетгодишниот маж, што предизвика револт во јавноста.