Новиот филм на Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ добива четиричасовна верзија (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/19 9:34 AM

Новиот филм на Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ добива четиричасовна верзија (ВИДЕО)

Продолжената,четиричасовна верзија на новиот филм на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ можеби ќе се емитува преку стриминг сервисот Нетфликс, пренесуваат американските медиуми.

Николас Хемонд, кој го глуми Сем Вонамејкер во филмот, дискутира на ovaa тема во интервју за The Mutuals.

„Во преговори околу четиричасовната верзија за Нетфликс, има доста сцени кои Таратино ги сними а не се во филмот, затоа што едноставно не им биле местото таму“, изјавил Хемонд.

Претходниот филм на овој автор, „The Hateful Eight“ исто така се емитуваше на стриминг сервисот во продолжена четиричасоввна верзија.

Официјалната верзија на неговиот актуелен деветти филм, трае два часа и 45 минути. Со Бред Пит и Леонардо Ди Каприо  во главната улога, оваа сага ја следи остарениот холивудски актер и неговиот дублер, кој ја запознава успешната млада актерка Шерон Тејт во своето соседство.

Филмот е базиран на вистинита приказна, убиството на Шерон Тејт е извршено од страна на култните припадници на семејството Менсон.

„Си беше еднаш во Холивуд“ заработи 40 милиони долари во американските кина на првиот викенд од премиерата, што е рекордна заработувачка за овој режисер.