Таксисти, возачи на автобуси и возачи на друг јавен превоз кои пушат додека се на работа ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 евра, и ќе им биде одземена возачката дозвола за еден месец, според новите сообраќајни правила и правилникот издаден во понеделникот од грчкото министерството за здравство.
Доколку во возилото има дете под 12 години, казната ќе изнесува 3.000 евра, јави Eкатимерини.
Според новиот закон и возачите, но и патниците на приватни автомобили кои пушат цигари во возилото во кое има дете под 12-годишна возраст, ќе платат казна од 1.500 евра, а на возачот ќе му биде одземена возачката дозвола, без оглед дали тој или некој од патниците запалил цигара.
Законот важи и за употребата на електрични цигари.