Чадиковски си даде отказ од Детската хирургија на Жан Митрев – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/19 7:01 PM

Чадиковски си даде отказ од Детската хирургија на Жан Митрев

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска си даде отказ на Клиниката Жан Митрев.

Тој беше дел од тимот на доктори кој како дел од проектот за јавно приватно партнерство се префрлија во приватната болница во Детската кардиохирургија.

Отказот доаѓа по подолго несогласување меѓу детскиот кардиохирург со Жан Митрев, а неофицијално операцијата со која се пофали Митрев ја прелеала чашата на несогласување.

Чадиковски инаку е единствен лиценциран кардиохирург во земјава. Со одлука на владата без јавен повик детската кардиохирургија му беше дадена на Митрев. За да ги прави овие операции тој доби буџет од милион евра од Фондот за здравствено осигурување.