Дека бојата на собата влијае на дебелината, открија научниците од Лондон. Овој разочарувачки заклучок нема да им се допадне на луѓето кои сакаат бела боја. Ако вашата спална соба е премногу осветлена, со бели sидови и мебел во иста боја, можете да се соочите со нарушување на циклусот на спиење кој доведува до зголемување на телесната тежина.
Според студијата на англиските научници кои ја истражувале оваа тема, жените кои ноќеваат во простории каде сè е во бела боја, имаат прекумерна тежина и тенденција за ноќни закуски.
Истражувачите го припишуваат овој тренд на нарушување на биоритмот поради лошото осветлување. Белите sидови и изобилството на вештачка светлина можат да го променат расположението, физичката сила и дури процесот на варење на храната кај луѓето. Исто така, љубителите на бели кревети често се на диета и имаат зависност од храна.
Значи, ако се препознаете во оваа статија, време е да изберете друга боја за sидовите на вашата спална соба.
Извор: denar.mk