Цените во кафаните се зголемени за 0,3 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/19 12:26 PM

Цените во кафаните се зголемени за 0,3 отсто

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,6 отсто, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во јули годинава во споредба со јуни останале непроменети, а во однос на јули лани се зголемени за 0,3 отсто.