Трик за секогаш свежи малини – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/19 12:28 PM

Трик за секогаш свежи малини

Ако малините не се користат веднаш, тие ја губат свежината и брзо се распаѓаат. За да ги зачувате, применете го следниов трик…

Издвоете ги плодовите кои се расипани, а здравите ставете ги во вода во која сте ставиле јаболков оцет (односот на водата и оцетот нека биде 3:1).

Малините потопете ги во растворот и оставете ги десет минути, потоа исплакнете ги под млаз ладна вода, исцедете ги и ставете ги на хартиена хартија.

Исушени чувајте ги во фрижидер. На овој начин малината ќе остане свежа и до една недела.

Извор: denar.mk