Кина денеска соопшти дека нема мирно да стои настрана и оти ќе преземе контрамерки доколку САД постават ракети од среден дострел во индо-пацифичкиот регион.
Кинескиот раководител за контрола на оружјето, Фу Цонг, ги предупреди соседните држави да не им дозволуваат на САД такво оружје да распоредат на нивна територија.