Француски туристи со жолти елеци блокираат возачи во Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/19 10:16 AM

Француски туристи со жолти елеци блокираат возачи во Албанија

Група француски туристи на граничниот премин Хан Хоти на северот на Албанија, вчера блокираа една лента, револтирани што возачите-Албанци не ги почитуваат сообраќајните правила.

Тие облекоа жолти елеци – симболот на повеќемесечните протести против француските власти, и на граничниот премин кон Црна Гора, ги блокираа возачите што се обидуваа да стасаат преку ред до царинската и пасошката контрола, јави Топ Чанел.