Јапонија денеска ја одбележа 74-годишнината од амеракнскиот нуклеарен напад на Хирошима. Илјадниците присутни, вклучувајќи и преживеани од 1945, во 8.15 часот по локално време им оддадоа почит на 140. илјади загинати во Паркот на мирот, местото на кое американскиот бомбардер Б-29 пред 74 години ја фрли атомската бомба во последните денови на Втората светска војна.
Три дена подоцна, атомска бомба падна и врз Нагасаки.