Македонската стрип-сцена во Рашка, Србија – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 3:26 PM

Македонската стрип-сцена во Рашка, Србија

Сценаристот и хроничар на домашната деветта уметност, Александар Стеванов од Штип, е  македонскиот претставник на осмата стрип-колонија „Рашка 2019″ што од денеска  до 9 август се одржува  на Семетешко езеро во Србија.

Како што информираат од СЦМ-Велес,Стеванов, како претставник на Стрип центарот на Македонија  – Велес, учествува  на оваа стрип колонија заедно со претставници на стрип-школите од Белград, Лесковац, Крагујевац, Ваљево и домаќинот Рашка.

Тие појаснуваат дека во рамки на петдневната стрип-колонија, која е во организација на Канцеларијата за млади од Рашка, Центарот за култура „Градац” и Клубот на ликовни уметници „Рашка школа”, преку предавања, своето искуство на помладите креативци ќе  им го пренесат легендите на југословенскиот стрип Жељко Пахек и Миша Мијатовиќ.

Воедно своја промоција ќе има и најновата македонска стрип-продукција, преку изданијата на Стрип центарот финансиски поддржани од Министерството за култура.