Реката Вардар на излезот од Јегуновце е загадена, односно е од трета категорија, покажуваат испитувањата на Центарот за јавно здравје Тетово. Течението на Вардар низ другите населени места, како и реките во овој регион- Пена, Бистрица, Боговињска и Беловишка река се од втора категорија според чистотата на водата.
Реките во полошко се уште се загадуваат од отпадни но и индустриски води, кои не се регулираат ниту пак се казнуваат загадувачите.
Површинските води дополнително се загадуваат и од несовесни граѓани, кои фрлаат се и сешто во реките од најлонски кеси до стар мебел
Неодамна започнаа активностите за изградба на пречистителна станица за отпадни води за реката Вардар во близина на тетовско Фалише, кои сега директно без стандарди завршуваат во неа.
Градоначалничката на Тетово теуата Арифи истакна дека во план е сите општини заднички да настапат за во целиот регион да се изградат пречистителни станици,
Пречистителната станица кај Фалише ќе се гради на локација на поранешна дива депонија, која сега се расчистува со пари од норвешка влада. Станицата треба да биде готова до 2022 година.
Зоран Димовски