Анчелоти: Елмас покажа зошто го ангажиравме во Наполи – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 2:53 PM

Анчелоти: Елмас покажа зошто го ангажиравме во Наполи

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, уште на почетокот од сезоната е импресиониран од перформансите на Елиф Елмас.

Македонскиот интернационалец пред една недела се пресели во Неапол, а веќе им фаќа за око на водечките во клубот.

Елмас имаше свој удел во победата против Марсеј (1:0), па затоа доби и пофалби од тренерот.

„Елмас покажа дека е доста интелигентен фудбалер. Ние успеавме да го купиме пред Ливерпул, Тотенхем и Реал Мадрид. Тој ќе биде се подобар секој ден, Наполи беше најдобриот избор за него“ порача Анчелоти.

Извор:  sportclub.mk