Facebook ги менува имињата на Instagram и WhatsApp – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 2:32 PM

Facebook ги менува имињата на Instagram и WhatsApp

Компанијата Facebook, кој е сопственик на WhatsApp и Instagram, планира да ги смени имињата на популарните апликации кои ќе се нарекуваат „WhatsApp From Facebook“ и „Instagram From Facebook“.

Ова е првпат наведените апликации да ги менуваат имињата.

Facebook го купи Instagram во 2012 година, а подоцна во 2014 година и компанијата WhatsApp.

Тимовите кои работеа на овие апликации функционираа одделно од компанијата Facebook, но сопственикот Марк Зукерберг веќе некое време се обидува името Facebook да го додаде во имињата на апликациите. Тоа сега ќе биде направено со наставката ,,From Facebook“ и ќе се наоѓа во името на овие апликации, а ќе се појави и во самата апликација.

Овие промени нема да влијаат на функционирањето и изгледот, а во соопштението за јавноста се наведува дека Facebook сака јасно да стави до знаење дека апликациите се нивен производ.

На овој проект се работи во моментов и новите имиња ќе бидат видливи наскоро, а најголемата промена е што овие три апликации ќе ги обединат своите услуги врзани за праќање на пораки.

Извор: denar.mk