Дињата – освежува, а не здебелува – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 2:28 PM

Дињата – освежува, а не здебелува

Дињата содржи голема количина вода, а релативно малку калории.

Ова летно овошје припаѓа на истото семејство како лубеницата, тиквата и краставицата. Исклучително е богата со витамини и минерали. Содржи висок процент на витамини Ц, Б, бета-каротин, како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и бакар. Исто така, дињата содржи три пати повеќе калиум од лубеницата.

Благодарение на високиот процент на вода, околу 95 проценти, малиот процент на шекер и одличниот вкус и арома, ова овошје е идеално летно освежување.

Водата од диња ја стимулира функцијата на бубрезите, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на влакна помага во варењето. Бета-каротин помага во борбата против ракот, а неодамнешните истражувања покажуваат дека дињата може да се користи за борба против неколку врсти на рак.

Диња е идеална за детоксикација на телото и помага против надуеност на телото. Ова овошје содржи 300 милиграми калиум на 100 грама и му помага на телото да се ослободи од вишокот на натриум и така се намалува високиот крвен притисок.

Сокот од диња претходно се користел за да се намали болката. Ако сакате да се ослободите од болка, намачкајте го болното место со исцедена или ситно исецкана диња.

Во народната медицина дињата се користи за освежување и смирување.

Дињата се користи против камења во бубрезите, ги смирува каснувањата од инсекти, изгореници, заболувања на желудникот и цревата.

Дињата не здебелува, па затоа е идеална ако сакате да изгубите тежина.

Извор: denar.mk