Свежото овошје е одлично за нашата кожа. Искористете го тоа што ни се достапни свежите праски за да ја закрепнете кожата од штетните ефекти од околината.
Во текот на летните месеци кожата е изложена на сончевите зраци кои дополнително ја сушат и го забрзуваат настанувањето на брчките. Едноставно е невозможно целосно да се заштитите од сонцето, но обидете се и бидете упорни.
Негувајте го вашето лице секојдневно со хидратантни креми, а еднаш или двапати неделно нахранете ја кожата со природни маски.
Бидејќи праските сеуште се актуелни, ве советуваме да го користите ова вкусно, миризливо и хранливо овошје за борба против брчките.
Направете корисно средство многу брзо. Потребни ви се две средни праски, две капки есенцијално масло од лаванда, две лажички мед и исто толку маслиново масло. Испасирајте ги излупените праски и измешајте ги наведените состојки. Мешајте додека смесата не се соедини, а потоа нанесете ја маската на претходно исчистено лице.
Оставете ја маската да отстои 20 минути и потоа исплакнете со млака вода. Кога ќе ја отстраните, нанесете малку маслиново масло на лицето и оставете да делува неколку часа за ефектот на третманот да биде посилен.
Извор: denar.mk