Секторот за внатрешни работи Штип вчера во периодот од 15 до 20 часот спроведе засилена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување.
Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова информира дека 16 возачи извршиле непрописно престигнување. Од кои четири на подрачјето на Полициска станица Кочани, три на ПС Пробиштип, пет на ПС Виница и четири на ПС Делчево. Санкционирани се и 29 останати прекршоци.
Во текот на вчерашниот ден забележани се три физички пресметки во кочанското село Долни Подлог, Пробиштип и Берово, а двајца кочанци при полициска контрола кај селото Долни Балван агресивно се однесувале кон полициски службеници и против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.