Кикинда: Баба оживеала пред да биде погребана! – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 1:23 PM

Кикинда: Баба оживеала пред да биде погребана!

Илона Крекуш (89) од Кикинда, Србија, пред три дена ожевеала пред погребот откако лекар од Здравствениот дом во Кикинда неколку часа претходно и’ констатирал смрт. Ожалостеното семејство, по тажната вест, почнало да се подготвува за погребот. Се собрале околу нејзиното тело роднини, соседи, а погребникот почал да и’ го вади накитот. Кога дошол до обетките, Илона ги отворила очите пред вчудовидените луѓе, кои биле како скаменети.

Откако лекарот веќе и’ ја потпишал смртовницата, Илона ја „измамила“ смртта, но и полицијата која дошла на лице место. Она што го виделе долго ќе го паметат, пишуваат српски медиуми.

По овој бизарен случај, со возило на Итната помош Илона била вратена во болницата во Кикинда. Во кома е.

Сличен случај ја потресе Кикинда и лани во мај, кога Радојка Станков (70) лекар на Итната помош вечерта ја прогласил за мртва, но во текот на ноќта таа почнала да дава знаци на живот, па утрото истиот лекар сега ја прогласил за жива. Баба Радојка навистина починала, но дури шест месеци подоцна.