Австралија не сака американски ракети на своја територија – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 1:18 PM

Австралија не сака американски ракети на своја територија

Американските ракети со среден дострел нема да бидат поставени во Австралија, изјави австралискиот премиер Скот Морисон, откако САД ја открија својата намера за распоредување ракети во азиско-пацифичкиот регион.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изрази надеж дека САД наскоро ќе распоредат ракети во тој регион, откако Вашингтон се повлече од Спогодбата за разоружување со Русија. Неговата изјава предизвика шпекуации дека ракетите ќе бидат распоредени во Австралија, но Морисон демантираше дека од него такво нешто е побарано. Додаде и дека Австралија ќе одбие такво барање и ако и’ биде доставено во иднина.

Официјални претставници на двете земји, по разговорите во текот на викендот  во Сиднеј, ветија дека уште посилно ќе се противстават на активностите во тој регион на Кина, чие влијание е се’ поголемо, пренесува „Ројтерс“.