Посебна регулација на сообраќајот поради асфалтирање на делницата Пршовце – Непроштено – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 12:33 PM

Посебна регулација на сообраќајот поради асфалтирање на делницата Пршовце – Непроштено

Почна асфалтирањето на дел од патот Тетово – Јажинце, од Пршовце до Непроштено, во општина Теарце. Поради поставувањето на асфалтот, изведувачот го регулира сообраќајот, па движењето на возилата се дозволува наизменично.

-Се асфалтира само дел од коловозната лента откако досега беше работено на уредување на тротоарот долж патот. Станува збор за осум километри од Пршовце, преку Теарце, Слатино, Лешок, до Непроштено, информираат од Општина Теарце.

Работите ги изведува Јавното претријатие за државни патишта.