Две лица ќе се соочат со пријави за неовластено пукање од огнено оружје на свадбени свеченост во Гостивар.
Полициски службеници, вчеравечер (4 август) околу 23 часот и 25 минути, го привеле гостиварецот Ш.К, (49) кој на свадбена веселба организирана во дворот од неговата куќа во населбата „Бањешница”, го нарушил јавниот ред и мир со пукање со пиротехнички средства. По целосното расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (4 август) околу 15 часот, на свадбена свеченост што ја организирал гостиварец А.С.(45) на улица „137″ во Гостивар, бил нарушен јавениот ред и мир со пукање од огнено оружје. По извршениот увид, а А.С. повикан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.
Пукањето на веселби, особено летниот период е зачестена појава и притоа се регистрирани и потешки инциденти. Во саботата, полицијата го лиши од слобода 53 – годишниот Б.Ф. во чиј дом се одржувала свадбата. Тој се сомничи дека пукал со огненото оружје при што две жени беа ранети.
Од СВР Тетово нагласуваат дека спроведуваат засилени контролните и репресивни за откривање и законско санкционирање на „пукањата” и приредувањето на огномети без одобрение
Пукањето од огнено оружје на свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и се казнува со глоба 200 до 500 евра.
Во случаи со повредување и ранување тоа може да се третира и како кривично дело „предизвикување на општа опасност”, кое се санкционира со затворска казна од 1 до 5, односно 10 години.