Викенд кампување на планинарите од ПК „Јелак” од Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/19 10:41 AM

Викенд кампување на планинарите од ПК „Јелак” од Тетово

Десеттина планинари од клубот „Јелак” од Тетово поминале три дена и два ноќа кампување на јужниот дел од Шар Планина со тоа што искачиле два врва, а преноќиле во шатори на Црно езеро. Искачени се врвовите „Рудока” на 2.658 метри и „Бориславец” на 2.675 метри надморска височина.

– Походот започна во петокот од гостиварското село Ѓурѓевиште. Од таму се пешачеше 13 километри во правец кон Црно Езеро каде поставивме камп за преноќување. Во сабота беа искачени врвовите „Рудока” и „Бориславец”. Повторно преноќивме, па во неделата следуваше враќање повторно 13-тина километри и околу пет часа пешачење назад кон селото и кон Тетово, изјави Александар Стојановски-Цули од ПК „Јелак” од Тетово.

Викендов што следува ноќта помеѓу 10 и 11 август ПК „Јелак” го организира четвртото по ред ноќно искачување и дочекување на изгрејсонце на врвот „Љуботен” на 2.499 метри на Шар Планина.