„Имаат гол без голман“, ги парафразира екс-премиерот Никола Груевски зборовите на претседателот на грчката комисија за историја со кои на домашната јавност им ги објаснува македонските преговарачки позиции по однос на договорот.
Како што пишува Груевски, првиот човек на грчката комисија за историски прашања открива дека ”… не гледа предлог од другата страна дека дел од денешна C.Македонија е наследник на историската Македонија од антиката”
Во краткиот текст објавен на својот фејсбук профил, Грувски го поставува прашањето – „На што ли е спремна врхушката на актуелната власт, за да добие заштита на криминалот“.