46 интернет портали издавачи од кои речиси 90% од тие што се најзастапени како комерцијални партнери на медиските агенции и огласувачите, досега станале дел од базата на портали кои го прифаќаат Саморегулаторниот Етички Кодекс на ИАБ Македонија.
“Кодексот” има за цел да ги пропише правилата на најдобрите практики во дигиталното издаваштво и огласување, со цел сите индивидуални лица и компании кои се поврзани со дигитално издаваштво и огласување и кои делуваат на нашата територија меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.
Етичкиот кодекс на ИАБ Македонија е со саморегулирачка форма а правилата се напишани земајќи ја во предвид специфичноста на функционирањето на дигиталните медиуми во однос на традиционалните и се отворени за изменување и дополнување од страна на сите членови на ИАБ Македонија.
Поддршка на Етичкиот Кодекс на ИАБ досега преку меморандуми за соработка со асоцијацијата изразиле новинарски асоцијации, асоцијацијата на маркетинг агенции и Американската Стопанска Комора во Македонија.
Сите оние кои го потпишале Кодексот имаат право на својот Веб портал да го постават ИАБ Беџот со кој на посетителите и деловните партнери им даваат сигнал дека нивното работење е усогласено со правилата кои ги пропишала ИАБ асоцијацијата во државата. Инако, ИАБ Македонија е дел од светската IAB Worldwide мрежа на асоцијации со 47 локални канцеларии и главно седиште во Њујорк, САД.
Во рамки на асоцијацијата постои и процедура и тело од членови номинирани од асоцијацијата кое одлучува по претставки и жалби за непочитување на Кодексот, што во крајна мера може да резултира со одлука за јавно отстранување на некој портал од листата на потписници на Кодексот со што се намалкува самата релевантност и кредибилитет на издавачот.
ИАБ Македонија на дневно ниво ја ажурира листата на потписници на Етичкиот Кодекс, со што на некој начин е формирана база на интернет издавачи кои се препознаени како професионални, етички и транспарентни и со кои ИАБ Македонија препорачува засилена комерцијална соработка.
Во продолжение може да ја погледнете листата на потписници на Етичкиот Кодекс на ИАБ заклучно со 31.07.2019 година:
IT.mk |
fakulteti.mk |
deca.mk |
vecer.mk |
vesnik.com |
vesti.mk |
mkd.mk |
kajgana.com |
smartportal.mk |
marketing365.mk |
makfax.com.mk |
a1on.mk |
reporter.mk |
topsport.mk |
usb.mk |
grid.mk |
makedonika.mk |
faktor.mk |
zenskimagazin.mk |
ekipa.mk |
inovativnost.mk |
emagazin.mk |
fashionel.mk |
kumanovskimuabeti.mk |
sport1.mk |
denar.mk |
24auto.mk |
24rakomet.mk |
kapital.mk |
telegrafi.com |
graphicdesign.mk |
crnobelo.com |
oglasizarabota.mk |
skopjeinfo.mk |
opserver.mk |
mms.mk |
strumicanet.com |
www.ubavinaizdravje.mk |
www.mtm.mk |
www.derbi.mk |
www.24info.mk |
www.alsat-m.tv |
www.coffeetime.mk |
www.expres.mk |
www.slobodenpecat.mk |
wwww.tocka.com.mk |