Цртеж од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на ѕид од една ќелија во затворот во Шуто Оризари. Јанева се наоѓа меѓу повеќе дами во бикини, меѓу кои и Рита Ора. Телевизија Телма, која сними репортажа за условите во затворот, налета и на овој цртеж.
„Во ќелиите можевме да го видиме уметничкиот талент на притворениците но во една ја начекавме и специјалната обвинителка Катица Јанева. Нацртана на ѕид меѓу повеќе дами во бикини, а авторскиот мотив зошто баш Јанева ни остана непознат. Во притвор има само неколкумина кои се дел од истрагите на Јанева, но има и многу други притвореници кои живеат во лоши услови, со децении не е реновирано, па ќелиите изгледаат како одаи за мачење. Темни и страшни, понижувачки“, пишува телевизијата.
Инаку во во притворот во Шутка во моментов има неколкумина кои се осомничени во истраги на СЈО.
Извор-ТВ Телма