Српски државјнин вчера го ранил својот син со огнено оружје во Ханиоти, објавија грчките медиуми.
„ГрцијаИнфо“ пренесува дека 39-годишен Србин пукал кон својот син. Повредениот бил пренесен во болница.
Според медиумите, мажот се сретнал со неговата поранешна партнерка и нивниот заеднички син во Ханиоти.
По тепачката со неговиот 21-годишен син, 39-годишниот маж прво го удрил син му со оружје во главата, а потоа го застрелал и го ранил во десниот дел на бутот.
Осомничениот бил уапсен утринава, а кај него била пронајдена мала количина кокаин.