ЦивилМедиа:Лажна вест е дека на Кареви им било забрането да положат цвеќе на гробот на Никола Карев – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/19 1:23 PM

ЦивилМедиа:Лажна вест е дека на Кареви им било забрането да положат цвеќе на гробот на Никола Карев

Лажна вест е дека на Кареви, членови на фамилијата на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, не им било дозволено да положат цвеќе пред неговиот гроб во Македониумот на Гумење во Крушево.

„Не е точно. Во принцип внуците од Никола на 02.08.одат во споменикот Македониум и полагаат цвеќе. Сега го исконтактирав Бока Карев (мој прв братучед, внук од син на Ѓорѓи Карев – најмалиот брат на Никола) кој бил присутен и положол цвеќе на гробот од Никола,а информацијата ја негира, напротив рече дека Каревци биле официјално (со покана) поканети на настанот, отишле тој заедно со Трајко и Перо Кареви ( внуци од синови на Петруш Карев- постариот брат) и биле дел од протоколот. Ништо лошо и неубаво не се случило. Срамота и греота што некој немајќи што да објави, објавува лажни вести. За многу години да е Илинден!“, напиша на Душко Чучурски, на Фејсбук, додавајќи ја и Наде Карева Глигоровска, внука на Никола Карев. И таа ја потврдува информацијата дека е лажна вест дека не им било дозволено да положат цвеќе.

Лажните вести и дезинформации земаат се поголем замав во последен период, но граѓаните се контролори на тие лажни вести и ја истакнуваат вистината на виделина.

ЦивилМедиа.мк