Астероид со големина на облакодер следната недела ќе прелета покрај Земјата – ММС
ММС

Објавено на: 08/3/19 12:15 PM

Астероид со големина на облакодер следната недела ќе прелета покрај Земјата

Небесното тело 2006 QQ23  треба да прелета покрај Земјата на 10 август, а со оглед дека неговиот дијаметар околу 570 метри, некои изразија загриженост.

Но, астрономите Линдли Џонсон и Кели Фаст од Канцеларијата за координација за планети на НАСА велат дека нема од што да се плашиме.

„Што се однесува до 2006 QQ23 , станува збор за астероид со средна големина што ќе прелета на оддалеченост од  8 милиони километри . Значи, тоа е повеќе или помалку безопасно небесно тело“, рече Џонсон.