По кратко време откако и беше поставен адијагнозата и докторот и кажал дека има хронично воспаление на централниот нервен систем , Селма реши со своите пријатели на социјалните мрежи да ги споделува интимните моменти на болка , тешката терапија , губењето на косата… Тогаш јавноста дозна дека ѕвездата на „Суровите намери“, „Харвардска русокоса“ и „Хејбој“ скоро 15 години се бори со болки во телото и замор, дека ги запоставила симптомите, честопати и паѓале предмети од рацете , но таа ги припишувала ваквите симптоми на нејзината несмасност. Се додека не паднала пред пријателка која ја натерала да оди на темелен лекарски преглед.
„Имам мултиплекс склероза. Оневозможен сум Понекогаш паѓам. Работите ми паѓаат од рацете. “, напиша Блер на својот Инстаграм, откривајќи ја својата болест пред фановите со најава дека ја прекинува актерската кариера поради лекување.