Жозе Мурињо е на мислење дека неговите успеси и работа во Манчестер Јунајтед продолжуваат да бидат потценети од навивачите и аналитичарите.
Португалецот го освои трофејот во Лигата на Европа во 2017 година и заврши на второто место во Премиер Лигата следната година, за кој рече дека се големи успеси, но остануваат потценети.
– Можам да кажам дека времето поминато во Манчестер Јунајтед не беше лесно. Отсекогаш чувствував дека освојувањето на Лигата на Европа е фантастично достигнување, но кога луѓето го проценуваа, не ми личеше така. Да се заврши втор во Премиер Лигата беше поголем успех. Се чувствував вака: „Јас правам добро, давам се од себе, но не го добивам она што мислам дека го заслужувам“. Единствено што можам да ветам е дека кога ќе започнам да работам во следниот мојот клуб, ќе бидам толку среќен што ќе влезам во салата за прес-конференции со голема насмевка, изјави Мурињо за Скај Спортс.
МИА