Уапсен дилерот кои и’ се заканувал на ќерката на Вучиќ – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/19 7:13 PM

Уапсен дилерот кои и’ се заканувал на ќерката на Вучиќ

Саша Петерсен, кој подготвувал напад на Милица Вучиќ (17), ќерката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, уапсен е денеска, пренесува Курир.рс.

44-годишниот Саша Петерсен, личност со богато полициско досие, кој од претходно бил познат како дилер, секојдневно ја следел ќерката на српскиот претседател и планирал напад на луѓето задолжени за нејзината безбедност.

-Упорно секојдневно го посетуваше училиштето во кое оди Милица Вучиќ. Го снимаше девојчето, но и членовите на обезбедувањето задолжени за нејзината безбедност“, стои во соопштението на полицијата, а пренесува Курир.

Се пренесува и дека Петересен на безбедносните служби им бил познат и како Саша Предиќ, кој бил пријавен со адреса на друго место, а живеел во Белград.

Слободен печат