Македонец загинал од струен удар во Малта – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/19 7:08 PM

Македонец загинал од струен удар во Малта

Полицијата во Малта попладнево објави дека како последица на струен удар загинал Мартин Калинчев, млад Македонец кој живеел во Малта.

Според податоците кои ги објавуваат Македонците и медиумите јавно објавени, Мартин Калинчев загинал утринава околу 9.30 по локално време, додека работел.

Инцидентот се случил додека Мартин работел качен на дигалка и се допрел до електрични кабли. Веднаш била повикана и брза помош , а потоа и бил префрлен во болница, каде само констатирале дека починал од сериозни повреди.

Полициската истрага е во тек.