Меган Маркл покрена моднa линијa вo хуманитарни цели – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/19 3:02 PM

Меган Маркл покрена моднa линијa вo хуманитарни цели

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл покрена своја модна линија заради подршка на хуманитарната организација Смарт воркс, којашто им помага на невработените жени кои бараат работа.За таа цел, Маркл отпочна соработка со дизајнерката и нејзина пријателка Миша Нона и британските компании „Маркс енд Спенсер“, „Џон Луис енд партнерс“ и „Џигсо“.

Се работи за колекција работна облека, која ќе се продава по принцип „еден за еден модел”, односно за секое купено парче, друго ќе биде донирано во хуманитарни цели – објави британски „Вог“.

Смарт воркс, како организација обезбедува опрема, облека и обука за разговори за работа на жени кои бараат вработување. Досега, на овој начин помогнато им е на над 11.000 Британки.