Општина Штип ќе го осветлува влезот и излезот на градот, по булеварот „Гоце Делчев”, но и по новата обиколница, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Тој истакна дека завршени се тендерските постапки и се работи за нови лед светилки со висина од девет метри кај „Кампус 4″ на новиот тротоар, потоа на новиот кружен тек кај населба Пребег и на улицата од кружниот тек до улицата „Партизанска”.
– Ќе имаме три нови локации со ново улично осветлување, со нови 78 столба што ќе имаат девет метри висина и целата оваа јавна набавка е завршена преку електронска аукција по закон за јавни набавки за 4,5 милиони денари, вели Бочварски.
Истакна дека конечно влезот и излезот на градот ќе бидат осветлени, како што личи на еден модерен град. Со овој проект градот Штип добива дополнителни 2,4 километри што ќе бидат осветлени.