Русија сака воена база во Република Српска? – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/19 12:04 PM

Русија сака воена база во Република Српска?

НАТО смета пред се’ на Албанија, Косово и на Хрватска, а Русија се концентрира на Србија и на Република Српска. Русија сака воена база во Република Српска, за што можеби се разговарало и на неодамнешната средба на Путин и Додик, а опцијата за размена на територии, која би довела до поделба на Босна и Херцеговина, и понатаму постои, пренесуваат босански медиуми повикувајќи се на германски.

Бидејќи Србите се економски послаби од членките на ЕУ во регионот, Москва им подарува оружје. Србија, освен тенкови, добива и шест борбени авиони „Миг 29“, а Белорусија им даде уште осум. Последната испорака беше во февруари. Србија, кога ќе ги модрнизира авионите, ќе има најсилни воздушни сили во регионот.