Инвестиција во ресторан и столб на Водно, причина зошто АЕК не им дава индиректна помош на радиодифузерите – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/19 12:01 PM

Инвестиција во ресторан и столб на Водно, причина зошто АЕК не им дава индиректна помош на радиодифузерите

Нема простор ниту време да се интервенира во намалувањето на надоместокот за користење на радиофреквенциите, па за да нема правни последици по радиодифузерите, најдобро е тие да си ја подмират обврската, тоа беше одговорот на претседателот на комисијата на АЕК, Стевица Јосифовски кадар од СДСМ, кој беше претседател на на Правниот сектор на СДСМ, и кој што треба второстепено да ја разгледа иницијативата на АПЕММ за намалување на средствата за  лиценцата што ги наплаќа Агенцијата за електронски комуникации(АЕК)

Членовите на АПЕММ се револтирани од одговорот на Јосифовски, затоа што за прв пат иницијативата е поднесена уште од јануари, така што ако се имало намера нешто да се направи, имало време за сите потребни активности кои што следуваат за едни вакви измени.

Очигледно е дека нема волја ниту желба да им се излезе во пресрет на радијата кои што од година на година се наоѓаат во се потешка економска состојба.

Предизборните ветувања многу лесно се забораваат кога ќе се седне во удобната фотеља а вокабуларот  се менува во зависност од интересите кои што треба да се застапуваат, посебно ако станува збор за месечен надоместок  кој што се мери со четири просечни македонски плати.

Во предизборието меѓу бројните ветувања на сега актуелната власт а кои што се однесуваа на ,,подобрување“ на условите за работа на медиумите, беше и ветувањето кое што требаше да  овозможи да се намалат надоместоците кои што медиумите ги плаќаат и кон АВАМУ и кон АЕК.Надоместокот кон АВМУ е намален но не и кој АЕК.

АЕК е независно тело од Министерствата , што значи тие не можат да му влијаат па директорот сам ги утврдува правилниците според кои радиодифузерите ги плаќаат надоместоците.

Директорот на АЕК Сашо Димитријоски кадарот од ВМРО ДПМНЕ, одбивањето го образложи со објаснување на улогата и функцијата на АЕК и финансирањето на изградбата на антенскиот столб и ,,ресторан“ на Водно и категорично според него  не постоела можност за намалување на надоместокот.

Иако Владата во неколку наврати ја потенцираше поддршката и најави помош за медиумите, засега истата ја добија само печатените медиуми.

Дека состојбата на медиумите особено радиодифузерите од година на година е се полоша покажуваат и податоците поместени во ,,Анализата на медиумскиот пазар“ што деновиве ја објави АВМУ.

Во 2018 година, 17-те регионални радиостаници заедно оствариле вкупни приходи во износ од 51,54 милиони денари. Овој износ е за 0,92% понизок од вкупните приходи во 2017 година. Нивното учество во приходите на комерцијалните радиостаници било 35,63%.

Во анализираната година, локалните комерцијални радиостаници заедно оствариле загуба во износ од 1,70 милиони денари.

АПЕММ не се откажува од намерата да се издејствува намалување на надоместоците за користење на радиофреквенциите со напомена ако АЕК дозволи да згаснат радиостаниците, кој ќе плаќа за столбот  и ресторанот на Водно, за патувањата, едукациите, репрезентациите, дневниците, донациите.

Дојде живот за сите, но нивниот не престанал !!!