Денес без вода делови на Центар во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/19 7:36 AM

Денес без вода делови на Центар во Скопје

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на водоводна мрежа со пречник 3 цола на улицата Франклин Рузвелт бр. 32, без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците на потегот од булеварот Илинден до улицата Орце Николов во општина Центар.