Во август ќе заврши рехабилитацијата на патниот правец Битола – Демир Хисар, тврдат надлежните – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/19 9:05 PM

Во август ќе заврши рехабилитацијата на патниот правец Битола – Демир Хисар, тврдат надлежните

На регионалниот пат Битола – Демир Хисар досега се асфалтирани 7 километри. Веќе се работи на последните три, а овој патен правец се возобновува со средства обезбедени од Светска Банка во износ од 1.5 милиони евра.

Надлежните очекуваат процесот да заврши во текот на првата половина на следниот месец.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески тврди дека е предвидена рехабилитација  и на дополнителни 12 километри на овој правец.

„Исто така предвидена е и рехабилитација на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола и државниот пат Битола – Меџитлија, каде се работи на дополнителни 40 километри патна мрежа во Битола и околината во текот на оваа и следната година“, додаде тој.