Првите картички за зелена нафта во рацете на битолските земјоделци – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/19 7:36 PM

Првите картички за зелена нафта во рацете на битолските земјоделци

Земјоделците од Пелагонискиот крај се првите кои добија картички за зелена нафта. Денеска премиерот Заев, ресорниот министер Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николчо Бабовски во битолското село Кравари ги доделија првите персонализирани платежни картички за набавка исклучиво на горивото „евродизел“ за земјоделска механизација. Со ова,  државата субвенционира 30 проценти од трошокот за гориво, со цел да се поттикнат и да им се помогне на земјоделските производители да го окрупнат своето производство.

За мерката од програмата за директни плаќања обезбедени се 200 милиони денари. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци, кои имаат градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади.

„Земјоделците повеќе од 10 години ја истакнуваа потребата од зелена или поевтина нафта. Сега постои тенденција за зголемување на процентот на субвенционирање од сегашните 30 проценти до 50 проценти од малопродажната цена на горивото“, најави премиерот Заев.