Тимот на Државна видеолотарија, и во месец јули остана посветен на реализирањето на нивната визија. Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно, реализирани се неколку цели, со кои придонеле кон создавањето подобро општество за сите.

„Со донација го подржавме Центарот за младински активизам Крик. Нивниот млад и амбициозен тим, заедно со Сојузот на извидници на Македонија, во периодот од 16 -ти до 21 -ви јули оваа година, во извидничкиот центар во Охрид, имплементираа инклузивни кампови. Камповите нудеа бројни активности за млади и лица со попреченост. Со донација обезбедивме таблети за ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести, кои треба да им го олеснат болничкиот престој на дечињата, кои се лекуваат на клиниката“, велат од Државна Видеолотарија на Македонија.

Тие оваа година ја продолжуваат соработката со автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе. Со поддршката на Видеолотарија, настојуваат во реализирањето на неговите професионални заложби, за успешно интернационално претставување на нашата земја во светот на автомобилистичкиот спорт.

Тимот на Државна видеолотарија останува посветен и на нивните играчи, но и нивното задоволство.
„Во месец јули постигнати се 11 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки во вкупна вредност од 16.076.462,00 денари. Годинава започнавме со реализација на нашата стратегија за одговорно играње. Во склоп на стратегијата, започнавме со едукација на играчите за одговорно играње. Паралелно со тоа, активна е СОС линијата на која може да се добијат бесплатни совети за одговорно играње“, информираат од Државна Видеолотарија на Македонија.


