Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала е се поблиску до трансферот во Манчестер јунајтед.
Ова го тврди италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио, кој главно пренесува точни вести, кој додава дека претставниците на Дибала се наоѓаат во Манчестер каде што ги договараат личните услови на Аргентинецот.
– Постојат некои понуди, одреден интерес, но чекаме конкретен потек за да одлучиме на мир, изјави Павел Медвед.
Освен Јунајтед за Дибала се интересираат и ПСЖ и Тотенхем, како и Интер кој сака да го замени со Мауро Икарди.
Во Старата дама ќе бидат подготвени за продажба на Дибала и ќе ја почитуваат одлуката на играчот, но сигурно ќе инсистираат да го продадат во странство, а не во италијанското првенство.
МИА