Крадец во два наврти испразнил куќа во Кочани, Полицијата го фати – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 3:44 PM

Крадец во два наврти испразнил куќа во Кочани, Полицијата го фати

Триесет и петгодишен кочанец двапати крадел во иста куќа.Најверојатно првиот пат не успела се’ да однесе па се дватил по втор пат.Од куќата успеал да изнесе компјутер, лап топ накит, електрични апарати.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.А.  од Кочани, за сторени две кривични дела ,,тешка кражба“. Во временскиот период од 13 мај до 19 мај 2019 година и од 7 јуни до 10 јуни  во Кочани, пријавениот во два наврати со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќа, од каде одзел апарати за домаќинство, компјутер, лап топ, златен и сребрен накит и други предмети. По преземени мерки дел од предметите со потврда се вратени на оштетениот.