Сензационални најави: Мурињо се враќа и седнува на клупата на шпанскиот клуб – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/19 3:31 PM

Сензационални најави: Мурињо се враќа и седнува на клупата на шпанскиот клуб

Жозе Мурињо и понатаму е без работа откако доби отказ во Манчестер Јунајтед. И покрај бројните понуди и најави за можна следна дестинација, Португалецот се уште е слободен агент.

Најновите информации, пласирани утрово, а кои доаѓаат од Шпанија велат дека Жозе Мурињо е опција за Валенсија.

Имено газдата на клубот, Петер Лим од Сингапур е добар пријател со агентот на „специјалниот“, Жорге Мендеш, па успеал да му даде финансиски гаранции и заедно да го убедат Мурињо да седне на клупата на „лилјаците“.

Мурињо на клупата на тимот од „Местаља“ би седнал како замена за досегашниот тренер Марсењињо кој е пред заминување поради проблемите во управата на клубот.

За Жозе шпанскиот фудбал нема да биде непознаница сооглед на тоа што во минатото работеше во Реал Мадрид.

Извор:  sportclub.mk