Португалскиот ас Кристијано Роналдо смета дека е дојдено времето Јувентус конечно да ја освои Лигата на шампионите.
Португалецот ќе ја почне втората сезона во Серија А, во која за него и другарите врвен приоритет ќе биде ЛШ.
Роналдо по повод доделувањето на наградите во Мадрид, каде помина 9 години, освојувајки многу трофеи, зборуваше за неколку теми.
„Ми требаше промена на средината. Мислам дека се уште имам многу што да понудам за навивачите и на Јувентус“.
„Јуве има доста силен тим, кој ќе се бори за сите трофеи, но освојување на титули зависи од многу фактори, случајност, ждрепка, повреди и среќа. Не сме опседнати со ЛШ, но Јувентус кога тогаш ќе ја освои. Мислам дека имаме се што ни е потребно за ЛШ, во следните две сезони доаѓаме то ушлестиот трофеј“, порача Роналдо.
Извор: sportclub.mk